Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Tränenlachen

Грил, Андреа .

448 grill traenenЕден телефонски повик од странство буди сеќавања: на Албанецот Галип и на тоа како го запозна во 1991 година, непосредно по неговото бегство за Австрија. Како во миговите на интимност само постојано се провираше едно чувство на туѓост, се додека Албанецот конечно не исчезна од животот на младата Австријка. Таа сака во писма уште еднаш да му го предочи заеднички поминатото време. Станува евидентно како политичката историја на една земја може да ја одбележи судбината на поединецот. Галип преку љубовта кон неа беше поврзан со туѓата земја, која никогаш не му стана татковина. А ниту Албанија можеше повеќе да му биде вистински дом. Во 2007 година Австријката одново поаѓа за Албанија, каде што порано патуваше заедно со Галип. Неговото семејство ја прифаќа како воопшто да не поминало време. Ама земјата се промени. И може да се идентификува еден мртовец кој падна од покрив.  

Tränenlachen [Смеење до солзи] од Андреа Грил излезе на албански јазик (извадок) во превод на Мајлинда Чулхај под наслов Qaj e qesh во издание на издавачката куќа ИДК, Тирана.