Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Перинац Станковец, Љубинка

.

perinac stankov ljubinkaЉубинка Перинац Станковец, родена 1969 година во Темишвар, студира романски и руски јазик и книжевност. Таа е главна уредничка на неделното списание Наша реч во Темишвар, писателка и преведувачка. Објавува песни и рецензии на книги во повеќе романски и српски списанија. Во двете земји излегоа збирки песни од неа. Во нејзините преводи се вбројуваат дела од: Драгољуб Фируловиќ, Новица Тадиќ, Јон Скоробете, Бата Маријанов, Александар Стојковиќ и Клаудиу Комартин. Заедно со Александар Стојковиќ и Славомир Гвожџеновиќ во 2012 година ја издаде антологијата Malul celălalt, посветена на поезијата од ХХ и ХХI век. Како во Романија, така и во Србија Љубинка Перинац Станковец е повеќекратно наградувана за своите дела.