Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кривокапиќ, Гудрун

.

krivokapic gudrunГудрун Кривокапиќ, родена 1941 година во Гетинген, студирала историја, англистика и германистика во Гетинген, Минхен и Белград. Најпрвин работи како преведувачка и спикерка за Радио Белград, потоа како лекторка по германски јазик на универзитетот Белград, каде што со трудови за контрастивна граматика учествува на еден повеќегодишен научен проект во соработка со Институтот за германски јазик од Манхајм. Освен тоа работи како преведувачка и конференциска толкувачка. Од 1992 до 2006 година ја водеше библиотеката на Гете Институтот Белград. Од 2006 година живее во Гетинген и Белград. Кон нејзините преводи на книги на германски јазик се вбројуваат дела од Мирослав Тимотијевиќ, Душан Иваниќ и Александар Гаталица. На српски јазик ја преведе Das Alphabet der Krise од Ханс Магнус Енценсбергер.