Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Лишер, Јонас

.

luescher jonasЈонас Лишер, роден 1976 година во Швајцарија, израснал во Берн, каде што од 1994 до 1998 година се стекнува со образование за учител на Евангелистичката учителска семинарија Муристалден. По неколку години минати како развивач на содржини и драматург во минхенската филмска индустрија студира на Филозофскиот факултет во Минхен (2005 до 2009). Покрај тоа Лишер работи како независен лектор. Студиите ги завршува во 2009 година и се стекнува со титулата магистер. По тоа следуваат две години како научен соработник на Институтот за техника-теологија-природни науки (ТТН) на ЛМУ Минхен, а истовремено работи како професор по етика на Државната економска школа Минхен/Пасинг. Во 2012/13 година, со една стипендија од Националиот фонд на Швајцарија, минува девет месеци како визитинг истражувач на Одделот за компаративна книжевност на универзитетот во Стенфорд. Јонас Лишер од 2001 година живее во Минхен. Неговата книга Frühling der Barbaren во 2013 година беше номинирана за Германската книжевна награда и за Швајцарската книжевна награда. Истата година ја доби наградата „Франц Хесел“, Берншката книжевна награда и грантот за поддржување на уметноста на Баварија.