Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Милениќ Жарко

.

milenic zarkoЖарко Милениќ, роден 1961 година во Брчко, е писател, преведувач, новинар, книжевен теоретичар и издавач на многубројни книги. По дипломирањето на Вишата економска школа во Белград дваесет години живее во Осијек и Риека. 2006 година се враќа во својот роден град. Таму го води книжевниот клуб на општината Брчко и е главен уредник на списанието за книжевност и култура Ријеч, како и на електронското СФ-списание Орион. Жарко Милениќ има објавено песни, раскази, драмски пиеси, критики и есеи и многукратно е наградуван за своите дела. Преводи од неговите дела беа објавени на македонски, украински и ерменски јазик. Тој самиот преведува од руски, англиски, македонски, бугарски и словенечки јазик.

Вебстраница