Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Rico, Oskar und die Tieferschatten

Штајнхефел, Андреас.

435 steinhoefel ricoВсушност Рико треба да води дневник од одморот. Доволно тешко за некого, кој лесно ја губи црвената или зелената или пак сината нишка. Ама тогаш кога го запознава и Оскар со синиот шлем и кога двајцата му влегуваат во трага на озлогласениот киднапер од АЛДИ, веќе сè му се поматува во глава. Ама заедно со Оскар дури и мистериозните сенки губат троа од нивниот ужас. Тоа е почетокот на едно прекрасно другарство ...

Романот за млади Rico, Oskar und die Tieferschatten од Андреас Штајнхефел излезе на романски јазик (извадок) во превод на Моника Григоре под наслов Rico şi Oskar – umbrele misterioase во издание на Едитура Алфа, Букурешт, и на српски јазик (извадок) во превод на Споменка Крајчевиќ под наслов Riko, Oskar i tajanstvene senke во издание на Одисеја, Белград и на албански јазик (извадок) во превод на Сокол Мичи под наслов Riko dhe Oskar Detektivët e makaronave во издание на Ботарт, Тирана.