Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Kрлежа, Мирослав

.

krleza miroslavМирослав Крлежа е роден 1893 година во Загреб, каде што и почина во 1981 година. Тој се смета за еден од најзначајните, можеби и најзначајниот хрватски автор. Меѓу двете Светски војни тој беше издавач на повеќе списанија, по 1945 година извесно време претседател на Здружението на писателите на Југославија, член на Југословенската академија на науките и директор на Лексикографскиот институт во Загреб. Крлежа беше поет, раскажувач, драматург и есеист и изврши големо влијание како од книжевно-естетски, така и од политичко-општествен аспект. На третиот југословенски Конгрес на писателите во 1952 година Крлежа успешно се зазема за приматот на уметноста над секоја идеологија.