Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Хајнц, Дариа

.

hainz dariaДариа Хајнц, родена 1980 во Букурешт, Романија, израснала билингвално. Од 2002 живее и работи како самостојна преведувачка и толкувачка за романски, германски и англиски јазик во Виена. Дариа Хајнц завршила германска филологија на универзитетот во Виена, како и германистика и англистика на Западниот универзитет во Темишвар и на унивезитетот „А.И.Цуза“ во Јаш и е овластен судски преведувач за романски и германски јазик. До сега, меѓу останатото, ги има преведено Јон Манолску, Василе Ерну, Василе Гарнет и Филип Флоријан, како и неколку есеи за романската театарска сцена што излегоа во антологијата Das rumänische Theater nach 1989. Seine Beziehungen zum deutschsprachigen Raum (Франк & Тиме, Берлин 2011). Во 2010/2011 година на Виенскиот Народен театар беше изведена прапремиерата на пиесата Spargel (оригинал Asparagus) од Џанина Карбунариу во нејзин превод, а во 2015 година исто така во нејзин превод излезе и збирката Machtspiele. Neue Theaterstücke aus Rumänien (Театар дер Цајт, Берлин) со пиеси од Џанина Карбунариу, Роксана Мариан, Еуген Јебелеану и Катинка Драганешку, како и Елизе Вилк.