Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Der tägliche Weltuntergang

Тонтиќ, Стеван.

432 tontic weltuntergangЕден во тоа време 46-годишен поет ги пишува свoите песни во еден град, во кој во 1992 година гореа книги, опколен од насилство и мизантропија. Градот беше Сараево опсаден од босанските Срби, а поетот – Србинот Стеван Тонтиќ, кој остана во Сараево. Под најнеподносливи услови Стеван Тонтиќ си постави високи етички и уметнички аспирации: поезијата треба да ја задржи вистинитоста среде масовните медијални пропагандистички лаги, да не ја загуби човечноста онаму каде што има човекомраза, да пружа утеха во неутешителноста и да развива естетски сјај во мракобсните времиња. Овој избор од најважните дванаесет збирки поезија на Стеван Тонтиќ треба да покаже дека тој имаше право со неговиот бескомпромисен став „поезија или ништо“ или уште поточно „поезија против ништо“.  

Двојазичната збирка поезија Der tägliche Weltuntergang [Катадневната апокалипса] од Стеван Тонтиќ беше објавена во Драва, Клагенфурт. Издавач е Драгослав Дедовиќ, а препевот од српски јазик го направија (извадок): Забине Фал, Корнелија Маркс, Рихард Пиетрас, Звонко Плепелиќ, Андре Шинкел и Бербел Шулте.