Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Имамовиќ, Јасмин

.

imamovic jasminЈасмин Имамовиќ, роден 1957 година во Брчко, а пораснал во Тузла, е писател, правник и политичар. Од 2001 година е градоначалник на градот Тузла. За своите политички залагања и големиот ангажман за економскиот развој на Тузла е добитник на бројни одликувања. Неговата прва книга, романот Ubijanje smrti излезе 1994 година. Меѓу неговите книжевни публикации покрај романи и есеи, се вбројуваат куси раскази и сценарија. Јасмин Имамовиќ е иницијатор на реномираната книжевна награда „Меша Селимовиќ“, која од 2001 година се доделува во рамките на книжевните средби „Cum grano salis“ во Тузла на писатели од регионот.