Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Die Herrlichkeit des Lebens

Кумпфмилер, Михаел.

419 kumpfmueller herrlichkeitЉубовта на еден живот. Митот за Франц Кафка е неверојатно голем. Меѓутоа тој се базира само на неговиот несреќен живот како писател. Ама сега Михаел Кумпфмилер фрла една силна, речиси ведра светлина врз познатиот поет и сесрдно и дискретно опишува еден човек, кој во својата последна година од животот ја наоѓа својата голема љубов и го зема животот в рака, пред да биде предоцна за тоа. Летото 1923 година Франц Кафка болен од туберкулоза, како поет познат само на одбран круг луѓе, во една бања на Балтичко Море ја запознава 25-годишната готвачка Дора Диамант. И во текот на неколку седмици го прави она што не го сметаше за возможно: Се одлучува за заеднички живот со една жена, ги дели масата и креветот со Дора. До неговата смрт во јуни 1924 година, со исклучок на неколку дена, Франц Кафка и Дора Диамант, повеќе нема да се разделат. Од ова вистинска приказна Михаел Кумпфмилер прави еден суптилен и нежен љубовен роман што пренесува многу знаење.

Романот Die Herrlichkeit des Lebens [Блаженството на животот] од Михаел Кумпфмилер излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Гергана Фиркова под наслов  Блаженството на живота во издание на Фентази, Софија и на романски јазик (извадок) во превод на  Јулија Дондоричи во издание на Јуниверс, Букурешт.