Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Клариќ, Твртко

.

klaric tvrtkoТвртко Клариќ е роден 1955 година  во Горни Вукшиќ во близина на Брчко, Босна и Херцеговина. Училиште завршил во Хрватска (Илок, Бол на островот Брач, Дубровник и Самобор), во Војводина (Нова Гајдобра и Силбаш) и во Босна и Херцеговина (Доња Скакава, Буквик и Улице). Од 1978 година живее во Загреб, каде што студира латински и италијански јазик и книжевност. Од 1993 до 2013 година работи како уредник на Хрватското книжевно здружение Св. Хиеронимус, како и за книжевното списание Марулиќ. Твртко Клариќ е член на Здружението на преведувачи на Хрватска , на ПЕН центарот на Хрватска, на здружението Голи Оток „Анте Земљар“ и на антифашистичкото здружение Раб. На хрватски јазик, меѓу другото, досега ги има преведено Примо Леви, Ери де Лука, Маргерита Гвидачи, Антонио Роси и Фабио Пустерла.