Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Осебан, Ана Јасмина

.

oseban ana jasminaАна Јасмина Осебан, родена 1978 година во Целје (Словенија), студирала преведување и толкување (германски, англиски, словенечки јазик) во Марибор и Грац и социјална педагогија во Љубљана. Таа преведува германско-јазична книжевност од германски на словенечки јазик (поезија и проза) и понатамошни текстови од англиски, хрватски и српски јазик. Кон нејзините преводи, меѓу останатото, се вбројуваат и дела од: Ј. Рот, Р. Музил, Ф. Грилпарцер, Ш. Цвајг, Х. Бел, К. Волф, З. Левичаров, С. Надолни, Ј. Франк, Х. Домин и Р. Ауслендер. Таа била стипендистка на фондацијата С. Фишер и на фондацијата Роберт Бош и имала работни престои во Европскиот Колегиум за преведувачи (ЕКП) Штрален и во Литературниот колоквиум Берлин. Во 2013 година ја доби наградата за превод „Радојка Вранчиќ“.