Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Пауновиќ, Зоран Ж.

.

paunovic zoranЗоран Ж. Пауновиќ е роден 1970 година во Кладово, Србија. Тој студираше англиски, македонски, српски и црковнословенски јазик на универзитетот во Скопје (Македонија), како и англиски и бугарски јазик на универзитетот во Белград (Србија). Потоа работеше како преведувач и вебновинар за во тоа време независниот интернет и радио новински сервис Б92. Од 2001 година работи како книжевен преведувач, од 2012 година го носи статусот слободен уметник/книжевен преведувач. Преведува од англиски на српски и обратно и од македонски на српски јазик. Во авторите што досега ги има преведено се вбројуваат: Патрисија Хајсмит, Тибор Фишер, Себастијан Фолкс, Роми Парсонс, Дилан Томас и Томислав Османли. Зоран Ж. Пауновиќ и самиот пишува куси раскази што ги објавува во книжевни списанија.