Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Плесу, Катринел

.

plesu catrinelКатринел Плесу е родена 1948 година во Букурешт. Студирала англиска, германска и француска филологија во Букурешт и Ексетер, а потоа од 1971 до 1995 година работела во Одделот за компаративистика на Институтот за теорија на книжевност и наука „Г. Галинеску“ во Букурешт, со прекин од една фаза на забрана за работа од 1982 до 1984 година. Од 1996 до 2005 година била одговорна за меѓународни проекти во Романската фондација за култура, а од 2005 до 2007 година одговорна за културните програми во Институтот за култура на Романија. Од јули 2007 година е директорка на Центарот за книги на Романија. Освен тоа се ангажира во фондацијата Сорос и Европската фондација за култура. Како преведувачка во 1998 година доби работен престој во Европскиот Колегиум на преведувачи Штрален, а во 2000 година беше добитничка на стипендија од цугшката фондација за култура Ландис и Гир. Од германски јазик досега, меѓу другото, има преведено текстови од Грегор фон Рецори, Валтер Бенјамин, Хана Арент и Мартин Хајдегер, Егиналд Шлатнер, Волфганг Хилбиг, Томас Ман, Розе Ауслендер, Тилман Шпенглер и Јан Конефке.