Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Хинцман, Силвија

hinzmann_silvija
Силвија Хинцман, родена 1956 год. Во Чаковец (Хрватска), од 1970 год. живее во Германија. По трговската школа и достручувањето во едно вечерно училиште работи по економски претпријатија во јавниот сектор. Во 1980 год., најпрвин  волонтерски, почнува да преведува и толкува за социјални установи и институции. Во 1993 год. го положува државниот испит на универзитетот Дармштат и се осамостојува како преведувач и толкувач, како и книжевен преведувач од хрватски, српски и босански јазик. Од 2003 год. работи и како автор има објавено и бројни криминалистички раскази и криминалистичкиот роман „Die Farbe des Himmels“ (2005). Освен тоа е коиздавач на повеќе антологии. Кон нејзините преводи се вбројуваат и делата на Живко Скрачиќ, Радослав Петковиќ, Сања Ловренчиќ и Марија Кнежевиќ.