Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Најцел, Сенке

.

neitzel soenkeСенке Најцел е роден 1968 година во Хамбург. По студиите по средновековна и модерна историја, публицистика и политички науки во Мајнц, во 1994 година докторира со дисертацијата на тема „Употребата на воздушното оружје над Атлантскиот Океан и Северно море 1939-1945“ (во 1996 закитена со наградата „Вернер Халвег“ за  воени науки и воена историја). Во 1998 година следува неговата хабилитација за „Светските империи во XIX и XX век“. По станиците како предавач во Мајнц, Глазгов, Карлсруе, Берн, Есен и Зарбрикен, тој денес е шеф на Катедрата за Национална историја на лондонската School of Economics.

Веб-страница