Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Соклиќ, Милан

.

soklic milanМилан Соклиќ, роден 1955 година во Тузла, студира филозофија и социологија на универзитетот во Сараево. Со една група млади интелектуалци во 1980 година ја основа уметничката група „Тиејло-Простор“. Во 1983 година беа забранети сите активности на неговата група и според член 133 од тогашниот југословенски  кривичен закон („непријателска пропаганда“) тој беше осуден на пет години затвор. По предвременото пуштање од затвор во август 1985 година на основа на изменетите политички рамковни услови, тој запишува постдипломски студии во Сараево. По магистрирањето во 1989 година работи во Центарот за филозофски истражувања на Националната академија за наука и уметност на Босна и Херцеговина. Кога изби војната во Босна и Херцеговина во 1992 година, заминува како бегалец за Германија и дванаесет години работи како професор за јужнословенски јазици во центарот Џорџ Ц. Маршал во Гармиш-Партенкирхен. Во јуни 2006 година со семејството се преселува во Пула, Хрватска, каде што живее денес. Од 2007 година работи како слободен преведувач од германски јазик. Досега, меѓу другото, ги има преведено Имануел Кант, Петер Слотердијк, Томас Ман, Густав Мајеринк и Јозеф Рот.