Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Warum war ich bloß ein Mädchen?

Кеп, Габи.

417 koepp warumВо јануари 1945 година Црвената Армија во една воена офанзива ги зазема германските источни области и го принудува германското цивилно население на бегство. Петнасетгодишната Габи Кеп ја носи во една фарма, каде што веќе побарале засолниште повеќе протерани. Ама, сепак, ни таму не се сигурни од нападите на руските војници. Габи повеќекратно станува жртва на сексуално насилство – безобѕирно напуштена и издадена од своите сопаталци. Она што го преживеа Габи Кеп им го довери само на дневниците. Денес од записите направи потресителен извештај за почетокот на повеќемесечното бегство и долго табуизираното поглавје на военото време: злосторот на силување на жените кој се коси со меѓународното право. Со научен поговор од историчарката д-р Биргит Бек-Хепнер, реномиран експерт на тема „Масовно силување“ и „Меѓународно право“.

Warum war ich bloß ein Mädchen. Das Trauma einer Flucht 1945. Mit einem Nachwort von Dr. Birgit Beck-Heppner [Зошто бев само девојче. Траумата од едно бегство во 1945 година. Со поговор од д-р Биргит Бек-Хепнер] од Габи Кеп беше објавена на бугарски јазик (извадок) во превод од Екатерина Џутева под наслов Защо бях само едно момиче? Драмата на едно бягство през 1945 година. С послесловна д-р Биргит Бек-Хепнер во издание на Блек Фламинго, Софија.