Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Der Fliegenpalast

Капахер, Валтер.

416 kappacher der fliegenpalastАвгуст 1924 година: Х. се враќа дома, прави пауза во Фуш, една бања во Салцбуршките Алпи, каде што пред војната минуваше долги лета со родителите. Во меѓувреме многу нешта се променија: пријателите ги загуби, славата веќе му спадна, творештвото му е загрозено од лабилното здравје и од најмалите нарушувања. И во бањата Фуш настапи новото време, во кое повеќе учествува како набљудувач кој сè повеќе се отуѓува од себе си. При една прошетка Х. ја губи свеста. Кога повторно си доаѓа на себе си, се запознава со младиот лекар Кракауер, приватниот лекар на една бароница, и тој повратник во еден туѓ свет. Х. се обидува да се спријатели со него, ама таму е бароницата и таму е осаменоста, на која повеќе не ќе може да ѝ избега.

Романот Der Fliegenpalast од Валтер Капахер излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Здравка Евстатиева под наслов Дворецът на мухите во издание на АГАТА-A, Софија.