Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Kleiner Mann - was nun?

Фалада, Ханс.

414 fallada kleiner mannСрдечно и драматично овој роман за бракот раскажува за ситниот чиновник Јоханес Пинеберг и жена му „Јагнешка“, која очекува дете. Кога Пинеберг ја губи работата како книговодител, младата брачна двојка заминува за Берлин. Обајцата веруваат во љубовта, ама во времето на економската криза никако да им се насмевне среќата. Па така Јагнешка енергично го зема в рака заедничкиот живот: Иако не ѝ е добро, таа пркосно се бори за нејзината нежно-идилична среќа.

Романот Kleiner Mann – was nun? [Мал човек – и што да правиме?] од Ханс Фалада излезе на романски јазик (извадок) во превод на Мирча Драгоман под наслов Şi acum ce facem, micuţule? во издание на Полиром, Јаш.