Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Дураковиќ, Ферида

.

durakovic feridaФерида Дураковиќ е родена 1957 година во Олово, Босна и Херцеговина. Студира на Филозофскиот факултет на универзитетот во Сараево, каде што и дипломира во 1980 година. Нејзината прва збирка поезија Bal po maskama ја објавува уште во 1977 година, за која веднаш ја добива наградата „Свјетлости“ за  млади автори. Потоа следуваат понатамошни збирки поезија, како и книги за деца и млади. Нејзините текстови се повеќекратно преведени и закитени со меѓународни признанија, особено нејзината збирка поезија Srce tame [Срце на мракот] од 1994 година. Ферида Дураковиќ живее и работи во Сараево.