Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Sonnenschein

Дрндиќ, Даша.

412 drndic sonnenscheinЕдна мајка го чека својот син. Пред 62 години ја киднапираа нацистите од Гориција во близина на Трст. Таму како млада девојка имаше афера со еден офицер на СС-трупите. За разлика од нејзиното еврејско семејство таа преживеа – и со децении е во потрага по својот син. При потрагата наидува на други судбини, чита изјави од сведоци, набљудува фотографии и спомени.
Даша Дрндиќ ги прикажува механизмите на злото, покажува како од обични луѓе стануваат злосторници и пишува против заборавот и прикривањето. Таа потсетува на минатото и во манир на Зебалд ги испреплетува фактите и фикцијата за да се приближи до она што би можело да биде вистината.

Романот Sonnenschein [Сјаење на сонцето] од Даша Дрндиќ излезе на германски јазик (извадок) во превод на Бригите Деберт и Бланка Стипетиќ под наслов Sonnenschein во издание на Хофман унд Кампе, Хамбург и на албански јазик (извадок) во издание на Бен Андони под наслов Fëmijët e urrejtjes dhe të dashurisë во издание на Поетека, Тирана.