Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Stipetić, Blanka

.

stipetic blankaБланка Стипетиќ е родена 1967 година во Војводина и студирла политички науки и славистика во Вирцбург. Денес работи како авторка, книжевна преведувачка и издавачка. Има напишано два криминалистички романи и повеќе куси криминалистички раскази, објавени во Роволт и ars vivendi. Заедно со Бригите Деберт ја преведе биографијата на Данило Киш од Марк Томпсон од англиски, како и романот Sonnenschein од Даша Дрндиќ од хрватски јазик. Во 2013 година заедно со Дагмар Шруф ја основа електронската издавачка куќа Шруф & Стипетиќ, во која меѓу др. беа објавени и преводи на расказите од Јурица Павичиќ.