Печати

Сурои, Ветон

.

surroi vetonВетон Сурои е роден 1961 година во Приштина, Косово. Во 1982 година завршува студии на Факултетот за филозофија и книжевност на Националниот автономен универзитет Мексико (УНАМ); потоа работи како уредник на албанскиот дневник Рилиндја. Сурои во 1989 година ја основа првата опозициска група во Косово, косовскиот огранок на „Југословенската демократска иницијатива“ (УЈДИ). Во 1990 година го основа независниот неделник КОХА, во 1997 година КОХА Диторе, кој до ден денес е водечкиот весник во Косово, а во 2000 година и телевизискиот канал КТВ.  Во 1999 година беше еден од потписниците на договорите за статусот на Косово во Рамбује, а и од 2005 до 2007 година зеде учество на преговорите во Виена пред независноста на Косово. Истовремено како претседател на реформистичка партија ОРА повеќе години беше член на Косовскиот парламент. За својата новинарска и политичка дејност е добитник на повеќе награди, меѓу кои и на Наградата на меѓународната федерација на новинари ИФЈ во 2000 година и на холандската мировна награда Геуцен.