Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Шпелец, Сара

.

spelec saraСара Шпелец е родена 1985 година во Марибор. Студирала руски јазик и книжевност и компаративна филологија во Љубљана. Од 2012/13 година во рамките на постдипломските студии го истражува животот и владеењето на Александар I. од Југославија и работи како научна асистентка на Институтот по етнологија и културна антропологија. Во 2013/14 година беше словенечката уредничка на меѓународната збирка книги „Сто словенски романи“. Од руски на словенечки јазик досега, меѓу другото, ги има преведено и Сергеј Јесенин, Иван Крилов, Николај Гогољ и Сергеј Аксаков, а од српски на словенечки јазик Иван Чоловиќ.