Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Лохер, Деа

.

loher dea by manfred sauseДеа Лохер е родена 1964 година во Траунштајн. Студирала филозофија и германистика во Минхен, по што подолго престојува во Бразил. По враќањето од Јужна Америка Деа Лохер се преселува во Берлин, работи за радио и студира „сценско пишување“ на Високата уметничка школа. Денес живее како слободна авторка во Берлин. Со Fremdes Haus во 1995 година на Државниот театар во Хановер ја започна соработката со режисерот Андреас Кригенбург, кој оттогаш ги праизведува поголемиот дел од нејзините пиеси. Драмите на Деа Лохер се преведени на повеќе јазици и се изведуваат во целиот свет, за нејзиното дело е добитничка на значајни награди и признанија. Во 2013 година Деа Лохер беше примена во Германската акaдемија за јазик и поезија.