Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Драгосте, Космин

.

dragoste cosminКосмин Драгосте е роден 1978 година во Крајова, Романија. Докторирал во областа на германистиката и денес предава на Институтот за модерни јазици во Крајова, Романија. Космин Драгосте има објавено повеќе монографии и еден роман (Alois, 2008) и преведува од германски на романски, како и од романски на германски јазик. За неговите преводи и публикации е добитник на повеќе признанија. Тој е член на Здружението на германистите на Романија, како и на високиот истражувачки центар „Пол Целан“ во Букурешт, а од 2009 година и директор на Истражувачкиот центар за романско-германска книжевност „Оскар Валтер Кисек“ (во соработка со Институтот за германска култура и историја на Југоисточна Европа на универзитетот Лудвиг Максимилијан, Минхен).