Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кригер, Михаел

.

krueger michaelMихаел Кригер е роден 1943 година во Витгендорф/Саксонија. Откако матурира на една берлинска гимназија завршува школа за книжар и печатач на книги и како визитинг студент посетува предавања на Филозофскиот факултет на Слободниот универзитет во Берлин. Од 1962 до 1965 година Кригер работи како книжар во Лондон. По враќањето во Германија најпрвин работи како книжевен критичар, во 1968 година почнува како лектор во издавачката куќа Карл Ханзер во Минхен, чие водство го презема во 1986 година и ја води се до 2013 година. Михаел Кригер беше долгогодишен издавач на списанието за книжевност АКЦЕНТЕ и има објавено бројни збирки песни и раскази, романи, едиции и преводи. Од 2013 година е претседател на Баварската академија на убавите уметности. За неговото писателско дело е добитник на повеќе награди, член е на повеќе академии.