Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Занца, Андреј

.

zanca andreiАндреј Занца, роден во Шесбург/Трансилванија, завршил германистика во Клаузенбург, каде што истовремено работел како уредник на тројазичното списание за книжевност Echinox. Од 1982 до 1989 година бил гимназиски професор во Шесбург. Во 1991 година се преселува во Германија, каде што во 1992 година почнува студии во Фрајбург. Андреј Занца денес живее и работи во Хајлброн. Неговото дело опфаќа збирки поезија, збирки есеи, куси раскази, еден дневник и голем број прeводи на книги од германски јазик (Франц Кафка, Ханс Магнус Енценсбергер, Рајнер Кунце, Пол Целан, Вернер Дирсон, Михаел Кригер, Ингрид Бахер, Рихард Вагнер, Рихард Решлика, Курт Драверт, Дитар Шлезак, Лихтенберг, Анете фон Дросте-Хилсхоф, Уве Тим) и од англиски, француски, италијански и шпански јазик. Има објавено критики, рецензии и есеи по бројни книжевни списанија и антологии во Романија, Германија, Франција, Швајцарија, Чиле и САД. Тој е уредник за Германија во четири книжевни списанија од Романија и Германија и е член на Здруженијата на писателите на Романија, Баден-Виртемберг и Баварија.

Веб-страница