Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Peščanik

Киш, Данило.

405 kis pescena uraРоманот Sanduhr е последниот дел од трилогијата, што Данило Киш ја нарече „Familienzirkus“. Тој „целосно е посветен на една митска татковска фигура, на еден ‚човек во облаци‘ и шетачки филозоф, ‚муромант‘ (одгатнувач на дамки на ѕид) и железничарски службеник, пијаница и објаснувач на светот, кој како некој друг Ахасвер, беше однесен по оттогаш потонатиот, не: уништениот континет ‚Панонија‘. Извидувајќи, истражувајќи до најскриените нишки на биографијата, самиот Киш го разобличува и слави својот бизарен јунак, еден утопист со жизнерадосни полети и потиштени падови, нервозни испади и спокојна самосвесност, еден ‚човек во облаци‘, кој се кренал над Земјата, а сепак ќе биде вратен на неа во сета пропаст. […] Данило Киш ги монтира едно во друго сигурното, измисленото, пренесеното, возможното, најденото и изнaјденото, за во едно несовладливо уметничко дело во висина на нашето време одново да го создаде она што беше убиено и згаснато во неговото детство“ (Карл-Маркус Гаус во „Ди Цајт“).

Романот Peščanik [Песочен часовник] од Данило Киш излезе на словенечки јазик (извадок) во превод на Сета Кноп под наслов Peščena ura во издание на Заложба Гога, Ново Место.