Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кноп, Сета

.

knop setaСета Кноп е родена1960 година. Завршила компаративна книжевност и социологија на унивезитетот во Љубљана и најпрвин работела како лекторка во издавачка куќа, а од 2001 година е директорка на библиотеката на Институтот за компаративна книжевност и теорија на книжевност на универзитетот Љубљана. Во 2010 година докторира со еден труд за развојот на мотивот на Фауст во европската книжевност. Во нејзините научни публикации таа особено се занимава со естетиката и социологијата на книжевноста. Сета Кноп преведува од англиски, германски, српски и хрватски јазик (денес живее во Загреб) и е член на Здружението на преведувачи на Словенија. Меѓу бројните дела, што ги има преведено, се наоѓаат особено такви од областа на социологијата, историјата, филозофијата и културолошки науки (како на пр. Теодор В. Адорно, Гизела Бок, Тери Иглтон, Ерик Хобсбом, Рајнхард Зидер, Сузан Зонтаг, Ричард Пајпс, Данило Киш и др.)