Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Плетцингер Томас

.

pletzinger thomasТомас Плетцингер е роден 1975 година во Минстер, пораснал во Хаген, а завршил студии по американистика во Хамбург. Таму и во Њујорк работи за издавачки куќи и агенции за литература. По вторите студии на Германскиот Институт за книжевност во Лајпциг, сега живее во Берлин, каде што работи како слободен автор, преведувач и доцент во книжевното ателје adler & söhne literatur. Од април 2014 година тој е професор на Високата школа за ликовни уметности во Хамбург. Томас Петцингер е повеќекратно одликуван за неговото книжевно творештво, меѓу другото, во 2006 година со Книжевната награда на МДР, во 2007 година со Рајнската награда за поддршка на културата, во 2009 година со книжевната награда „Уве Џонсон“ и во 2010 година со наградата за поддршка на млади уметници од покраината Северна Рајна-Вестфалија.  

Вебстраница