Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Дениќ, Бојана

.

denic bojanaБојана Дениќ завршила студии по германистика во Белград, а во фокусот на нејзината преведувачка дејност на српски јазик е германско-јазичната драма. Досега има објавено/инсценирано преводи од: Волфрам Лотц, Роланд Шимелфениг, Деа Лохер, Фриц Катер, Филип Леле, Лук Хибнер, Лукас Берфус, Петер Хандке. Петер Хакс, Волфганг Бауер, Карл Цукмајер, Еден фон Хорват, Елфриде Јелинек. Кон нив се надоврзуваат и прозните преводи на Томас Петцингер и Томас Бернхард. Бојана Даниќ е добитник на стипендии од Гете Институтот, Литературниот колоквиум Берлин, фондацијата С. Фишер, фондацијата Роберт Бош и ИТИ-Германија, а во 2011 година беше „Translator in Residence“ во Европскиот Колегиум за преведувачи во Штрален. Во 2009 година ја доби наградата за најдобар драмски превод на белградскиот Национален театар.