Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Mimesis

Николаидис, Андреј.

389 nikolaidis mimezisВо неговиот делумно автобиографски роман, објавен во 2003 година, Николаидис ги опишува луѓето, кои ги среќава секојдневно, и нивните ни најмалку градски навики.  Тој го опишува гратчето Улцињ на црногорското крајбрежје и дилемата на главниот јунак Константин Теофилис: Дали треба да го напушти или не неговото место кое го доживува како депримирачко и неговата земја, која според него е заостаната и во која луѓето од сиромаштија гласаат за воени злосторници? Рајскиот Запад мами, ама сепак се испоставува како предворје на Пеколот. Главите на книгата Николаидис ги  именува според неговите омилени песни, неговиот начин на пишување е збиен, детален и атмосферски. И тој самиот во една прилика ја спореди Mimesis со Tausendundeiner Nacht: Исто како Шехерезада и Константин сака да издејствува  пролонгирање на работата.

Романот Mimesis од Aндреј Николаидис излезе на македонски јазик (извадок) во превод на Aлександар Прокопиев под наслов Мимезис во издание на Икона, Скопје.