Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Модреану, Симона

.

modreanu simonaСимона Модреану е родена 1962 година во Јаш, Романија. Завршила француска и англиска филологија, како и европски студии во Јаш и Ненси и во 1997 година се здобива со заедничката докторска титула на универзитетите Јаш и Париз VII со одличниот труд за Сиоран. Предава на универзитетот во Јаш, од 2008 година како професорка, и е член во бројни академски гремиуми во Романија и Франција. Симона Модреану досега има објавено седум сопствени монографии и има преведено бројни дела од француски, меѓу кои од Франсоа Брун, Тери Магњи, Жан-Жак Натје, Пол Моран и Мариус Даниел Попеску. За своето дело е добитник на бројни признанија. Симона Модреану ја има титулата витез во францускиот орден на академските палми.