Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Hundejahre

Гинтер, Грас.

391 grass hundejahreРаскази од „кучешките години“ на ХХ век. Три наратори на преминот од 1960 во 1961 година истовремено ги пишуваат трите книги на романот објавен во 1963 година и на тој начин стануваат хроничари на предвоеното, военото и повоеното доба на „кучешките години“ на нашиот век: Еди Амзел, жртвата, Хари Либенау, сведокот и Валтер Матерн, сторителот. На нивната одисеја од Гдањск до Западна Германија, па до подземниот свет ги придржуваат три песа овчари, од една литванска волчица како прапредок до омилениот пес на Хитлер, девојчињата Тул и Џени и еден круг плашила за птици. Романот завршува во еден рудник, во кој уметникот Амзел алијас Браухзел индустриски ги произведува своите светски барани плашила и со тоа реалниот свет го разобличува како подземен свет: Адот е горе, а плашилото е направено по човекова лика …

Романот Hundejahre  (Кучешки години) од Гинтер Грас излезе на романски јазик (извадок) во превод на Мариана Кристина Барбулеску под наслов Ani de cîne во издание Полиром, Букурешт.