Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Барбулеску, Мариана Кристина

.

barbulescu marianaМариана Кристина Барбулеску, родена 1953 година во Романија, завршила англистика и гeрманистика на универзитетот во Јас, каде што во 2000 година со докторскиот труд за С.Т. Колриџ се стекнува со докторска титула. По завршувањето на студиите најпрвин работи како професорка по германски и англиски јазик, а од 1982 година е асистентка, т.е. доцентка на Катедрата за германистика на универзитетот во Јаш. Кон нејзините преводи од германски на романски јазик се вбројуваат прозни дела од значајни автори, како Херман Хесе (Gertrud; Die schönsten Erzählungen), Каталин Дориан Флореску (Der kurze Weg nach Hause; Der blinde Masseur; Zaira; Jacob beschließt zu lieben), Хајмито фон Додерер (Das letzte Abenteuer), Гинтер Грас (Katz und Maus; Hundejahre). Таа е член на Здружението на писатели/ Оддел за преведување на Романија, а во 2013 година беше одликувана со преведувачката награда од Филијалата во Јаш.