Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Familienzirkus. Die großen Romane und Erzählungen

Киш, Данило.

403 kis familienzirkusВо неговата татковина Југославија најпрвин жестоко сузбиен, Данило Киш наскоро е признат како еден од најголемите наратори на европската повоена литература. Во неговото уникатно книжевно дело пишуваше против заборавот и смртта. Во неговата трилогија Frühe Leiden, Garten, Asche, Sanduhr, која што самиот ја нарече и Familienzirkus, му подигна споменик на неговиот татко убиен во Аушвиц и на културта во Средна Европа. Неговата Enzyklopädie der Toten, која сега најпосле е одново преведена стана неговата најпозната книга. По повод 25-годишнината од смртта на Киш, неговите најважни дела беа објавени во еден том – покана за одново и одново да се чита овој автор.

Збирката Familienzirkus. Die großen Romane und Erzählungen [Семеен циркус. Големите романи и раскази] од Данило Киш беше објавена на германски јазик (извадок) во превод на Илма Ракуза, Иван Ивањи, Антон Хам и  Катарина Волф-Грисхабер, издадена од и со поговор на Илма Ракуза, во Карл Ханзер, Минхен.