Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Волф, Криста

.

wolf christaКриста Волф е родена 1929 година во Ландсберг ан дер Верте. Во 1949 година завршува матура во Бад Франкенхаузен (Куфхојзер) и станува членка на СЕД. Од 1949 до 1953 година Волф студира германистика во Јена и Лајпциг; од 1953 до 1959 година работи во Берлин како научна соработничка во Здружението на писателите, како лекторка, уредничка на списанието „Ноје дојче литератур“ и како главна лекторка во издавачката куќа Нојес Лебен. Од 1959 до 1962 година е лекторка на Мителдојчер Верлаг во Хале. Оттогаш е слободна писателка. Криста Волф се смета за една од најпознатите писателки на совремието; нејзиното опсежно епско дело е преведено на сите светски јазици и одликувано со бројни национални и меѓународни награди, меѓу кои и со наградата „Георг Бихнер“, наградата „Томас Ман“ и наградата „Уве Јонсон“. Криста Волф почина 2011 година во Берлин.