Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Коробка, Лилиана

.

corobca lilianaЛилиана Коробка е родена 1975 година Сашени/Калараши, Молдавија. Студирала на факултетот за филологија на државниот универзитет на Молдавија во Чишинау и од 1997 до 2001 година посетува докторски студии по теорија на книжевност на универзитетот во Букурешт. Од 2004 до 2007 година на универзитетот во Плоешти предава романска книжевност од писатели во егзил од 1945 до 1989 година; паралелно држи предавања по романска книжевност на универзитетот во Букурешт. Лилиана Коробка има објавено повеќе романи и научни книги. За нејзиното прозно деби ја доби наградата „Прометеј“ од Здружението на писателите на Молдавија за 2003/2004 година.