Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Петриќ, Тања

.

petric tanjaТања Петриќ е родена 1981 година во Марибор, Словенија. Таа е преведувачка, книжевен критичар, теоретичар на книжевноста и лектор. По завршувањето на студиите по компаративна книжевност во Љубљана во моентов е докторантка по Германска филологија на универзитетот во Виена. Петриќ има објавено литературни критики, рецензии и статии од областа на теоријата на книжевноста во меѓународни книжевни списанија и зборници, како и фељтони во словенечките дневни весници. Таа има преведно автори како Милена Мичико Флашар, Дурс Гринбајн, Фелицитас Хопе, Сара Кирш, Фридерике Мајрекер, Роберт Менасе, Херта Милер и др. од германски на словенечки јазик. Во 2011 година ја доби наградата „Лириконов злат“ за најдобар препев поезија во рамките на поетскиот фестивал „Лириконфест“; а добитник е и на повеќе стипендии за студиски престои и стручно усовршување во странство (меѓу другото семестралната стипендија на ДААД на универзитетот „Хумболт“ во Берлин, стипендијата за преведувачи на Гете Институтот во Дрезден-Хелерау, стипендијата „Schritte“ во ЛЦБ). Од 2010 година е член на Здружението на словенечките книжевни преведувачи и на Здружението на книжевните критичари на Словенија.