Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Хромаџиќ, Ахмет

.

hromadzic ahmetАхмет Хромаџиќ е роден 1923 година во Бјелај кај Босански Петровец, Босна и Херцеговина. Има објавено бројни раскази и романи за деца и возрасни и работеше како книжевен и театарски критичар и новинар. Неговите дела се преведени на повеќе од 30 јазици. Поради неговиот стил се смета за „Андерсен на Балканот“ или за „босански Толкин“. Хромаџик ја основа едицијата за деца и млади „Библиотека Ластавица“, во која во меѓувреме се објавени повеќе од 900 книги. Тој беше член на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина и е повеќекратно наградуван. Ахмет Хромаџиќ почина во 2003 година во Сараево.