Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Тишма Александар

.

tisma aleksandarАлександар Тишма е роден 1924 година во војводинскиот Хоргош. Студира англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Белград. Неговото дело опфаќа романи, раскази, поезија и драми, како и преводи од унгарски и германски јазик. Од 1945 до 1949 година работи како новинар за весниците Слободна Војводина и Борба, а потоа од 1981 година е уредник во издавачката куќа „Матица Српска“ во Нови Сад. Александар Тишма е преведен на околу 20 јазици и е повеќекратно наградуван за своите публикации како во земјата така и во странство. Меѓу другото ја доби наградата НИН (1977), Наградата на Саемот на книгата во Лајпциг (1996), Австриската државна награда за  европска книжевност (1996) и Францускиот орден на почесната легија. Освен тоа беше редовен член на Српската академија на науките и уметностите и член на Академијата за уметност во Берлин. Александар Тишма почина на 15. февруари 2003 година во Нови Сад.