Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Nachtgras

Филкова Федиа.

371 nachtgras filkovaФедиа Филкова им го позајми својот глас на големите австриски поетеси Илзе Ајхингер, Ингеборг Бахман и Фридерике Мајрекер, за да ги пренесе на бугарски; а тој – нејзиниот глас – сигурно не ги расипа, туку ги зајакна и изостри, како што недвосмислено укажува изборот на нејзините песни на германски јазик.

Текстовите на Филкова честопати се куси и лапидарни, и се наоѓаат поблизу до молчењето отколку до речитоста. По некој пат се енигматични, најчесто прејасни: како да се потонати во една светлина што се отвора, а не во лесночујна темнина; сместени на „гребенот на нештата“. Од текст до текст се создава една изненадувачка леснотија, минливост: мали скулптури од привремено недопрен песок – фотографирани и напуштени, и само одново моделирани и модулирани.

Двојазичниот избор поезија Nachtgras (Ноќна трева) од Федиа Филкова излезе во Драва, Клагенфурт. Препевот од бугарски јазик (извадок) го направи Aндреас Третнер.