Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Филкова Федиа

.

filkova fediaФедиа Филкова е родена 1950 година во Јабланица, Бугарија. По завршувањето на студиите по германистика во Софија работи како лектор во издавачката куќа Народна култура (1982-1992), советничка за надворешна политика на бугарскиот претседател на државата (1997-2002) и аташе за култура во Амбасадата на Бугарија во Виена (1992-1995) и Берлин (2005-2008). Таа има преведено бројни дела од германско-јазичната книжевност на бугарски јазик (Ингеборг Бахман, Криста Волф, Илзе Ајхингер, Фридерике Мајрекер, Ернст Јандл, Михаел Енде, Новалис и др.) Во 1995 година ја доби Австриската државна награда за книжевен превод. Федиа Филкова досега има објавено шест збирки сопствена поезија. Таа живее во Софија.