Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Багола, Божидар Брезиншчак

.

bagola bozidarБожидар Брезиншчак Багола, роден 1947 година во Врбишница (Хрватска), студирал теологија во Загреб и филозофија во Белград. Од 1978 година живее во Хум на Султи (Хрватска), каде што бил уредник на еден работнички весник, директор на кадрово и директор на Центарот за култура и градоначалник. Досега има објавено седум збирки поезија, три романи, две збирки куси раскази, три книги со новинарски текстови и две збирки со патеписи и есеи. Досега од словенечки на хрватски јзик има преведено осумнаесет книги, меѓу кои и дела од Антон Мартин Сломшек, Едвард Коцбек и Винко Медерндорфер, а од германски на хрватски петнаесет книги, меѓу кои и книги од Виктор Франкл, Романо Гвардини и Хилдегард фон Бинген.