Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Хараланова, Дарја

haralanova darjaДарја Хараланова, родена 1957 година во Плевен, студирала книжевен превод на Институтот за литература „Максим Горки“ во Москва. Во 80-тите години работела како уредничка во книжевното списание за руска книжевност Факел. Покрај нејзината дејност како преведувачка, ја основа издавачката куќа „Аквариус“, којашто ја води до ден денес. Од германски на бугарски јазик, меѓу другото, ги има преведено и Du bist nicht so wie andre Mütter од Ангелика Шробсдорф, Kokoschkins Reise од Ханс Јоахим Шедлих, изборот песни Grüner Mond од Ерих Арент, Vergänglichkeiten од Елизабет Борхерс и Wintermusik од Сара Кирш, изборот сказни Sieben Geschichten eines weisen Raben од Лудвиг Бехштајн и Das unsichtbare Königreich од Валтер Кан, но и стручни книги од областа на детската психологија, како на пр. Der kleine Tyrann од Јирина Прекоп.