Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Робели, Енвер

.

robelli enverЕнвер Робели е роден 1973 година во Косово, а израснал на Циришко Езеро. Го посетувал швајцарското училиште за новинари и завршил еден волонтаријат во дневниот весник Тагес Анцајгер, кој излегува вo Цирих, и за кого работи од 2001 год. Од 2007 до 2012 год. беше коресподент за Југоисточна Европа на Зиддојче Цајтунг и на Тагес Анцајгер со седиште во Загреб. Од 2012 година повторно работи во Редакцијата за надворешна политика на Тагес Анцајгер и е одговорен за извештаите од Југоисточна Европа. Енвер Робели од средината на 90-тите години редовно пишува колумни за независниот косовски дневен весник Коха Диторе. Покрај тоа со години од германски јазик преведува книжевни и публицистички текстови (меѓу другото Оливер Јенс-Шмит: Kosovo: Kurze Geschichte einer zentralbalkanischen Landschaft, Штефан Корнелиус: Angela Merkel. Die Kanzlerin und ihre Welt).