Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Басара, Светислав

.

basara svetislavСветислав Басара, роден 1953 година во Бајина Башта, недалеку од босанската граница, е еден од меѓународно најуспешните и најреномираните автори на Србија. Во 1982 година дебитира со Priče u nestajanju. Оттогаш има објавено преку дваесет романи, раскази и критички списи, закитени со реномирани книжевни награди и преведени на многу јазици. Неговиот најпознат роман Fama o Biciklistima во 2012 година американската критика го спореди со дела од Хорхе Луиз Борхес, Томас Пинчон и Умберто Ехо. Басара живее со жена си и двете деца во Белград.